Астрологијата открива што им носи првата полна месечина во 2023 година за хороскопските знаци.

Годишниот хороскоп за 2023 година носи возбудливи настани за хороскопските знаци. Го започнавме јануари со ретрограден Меркур и верувале или не, можеме да го искористиме за добри работи. Нејзиниот ретрограден тек ќе трае до 18 јануари, но претходно ја очекуваме првата полна месечина оваа година.

Тоа ќе се случи ноќта меѓу 6 и 7 јануари, а ќе се движи низ чувствителниот Рак. Најмногу ќе се одрази на приватниот живот и на семејните односи, но хороскопот вели дека ова ќе биде идеална можност да завршите се што ви „виси во воздух“. Полната месечина најмногу ќе влијае на три знаци:

ОВЕН
Доколку во вашиот дом има триење или некакви сомнежи, ова е можност да им посветите повеќе внимание. Треба да размислите дали семејните односи влијаат на целите што сте ги поставиле. Можеби ќе ви биде тешко да се соочите и да решите се што е нејасно, но хороскопот ве советува да не се откажувате. Ова важи и за партнерските односи. Ако не бегате од проблемите, ќе доживеете емотивно исполнување.

Advertisement

РАК
Со полна месечина која се одвива во вашиот знак, подгответе се за тоа дека емоциите ќе ве обземат. Ќе биде поинтензивно од вообичаено, а тоа може да ве натера да се повлечете во себе. Не двоумете се да се отворите со саканата личност, тоа ќе значи вашата поддршка и разбирање. Јануари е секако важен месец за вас, бидејќи ќе сфатите многу важни работи за вашиот живот.

ЈАРЕЦ
Овој месец ќе се обидете да се откажете од лошите навики, што е одлично! Исто така, ќе работите на подобрување на интимните односи, а полната Месечина ќе влијае да се справите со проблемите што ве оддалечуваат од партнерот, семејството и пријателите. Не избегнувајте да најдете решение. Преземете одговорност и започнете со процесот на лекување.

Advertisement