Ако имате проблеми со спиењето, ова е вистинскиот чај за вас.

Кога сме совладани од замор, несоница, стрес и нервоза, бараме олеснување и помош. Повеќето од нас барем еднаш во животот се соочиле со овие проблеми, а првото нешто што ни паѓа на памет е чај или некој друг пијалок кој ќе не опушти и смири пред спиење.

Коренот од валеријана (Мацина трева) се користи и може да се пие како чај или како есенцијално масло. Маслото од валеријана има поконцентрирана моќ од чајот и доволни се неколку капки, два до три пати на ден. Можете да го пиете чајот по потреба, но некои препорачани дози се до три шолји чај дневно.

Валеријанa исто така делува бавно, не очекувајте дека после една шолја чај ќе ви исчезнат сите проблеми. Бидете трпеливи, кога во организмот ќе се создадат доволно залихи на лековити материи од валеријана, ќе почувствувате подобрување на вашата општа состојба.

Advertisement

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

Advertisement