Ризницата на здравјето

Урмите го подобруваат дигестивниот систем, доколку имате проблеми со варењето, постојан запек, нутриционистите препорачуваат урми, освен тоа лекуваат проблеми како хемороиди.

Во урмите има многу магнезиум, па може да ја ублажи болката и да помогне при оток, но и да го намали артериското воспаление и ризикот од срцеви заболувања, артритис.

Урмите се многу здрави за трудниците

Advertisement

Жените кои биле тестирани имале помалку болки за време на породувањето доколку конзумирале урми за време на бременоста.

Урми за висок крвен притисок и мозочен удар

Магнезиумот кој се наоѓа во урмите ги спречува проблемите со високиот крвен притисок, па затоа се одлична превенција за овој здравствен проблем.

Третира запек

Урмите освен што спречуваат дијареа, го решаваат и проблемот со запек.

Одржува тенка линија

Доколку сакате да спречите таложење на масни наслаги, обидете се да јадете по неколку урми секој ден на празен стомак, пишува „HealthyDefinition“. Но, внимавајте да не претерате со урмите – тие се полни со шеќер.

Го регулираат холестеролот

Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, со тоа што ги чисти крвните садови и има моќ да го спречи создавањето на згрутчување.

Го зајакнуваат срцето

Редовното консумирање урми ја спречува атеросклерозата, главната причина за срцев удар.

Го регулира крвниот притисок

Доколку страдате од хипертензија, можете слободно да јадете урми, бидејќи тие не содржат натриум и се богати со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 mg магнезиум, што е многу важно за здрав проток на крв.

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

Advertisement