Уживајте во нивниот вкус подолго од вообичаено




Јагодите се една од главните причини зошто со нетрпение го очекуваме топлото време.
Поради нивниот освежителен и сладок мирис и вкус, многумина, доколку можат, би ги јаделе во текот на целата година.




Сепак, вистина е дека вон сезона, јагодите немаат своја карактеристична арома. Покрај тоа, многу летни плодови купени во текот на есента или зимата се полни со пестициди и други штетни хемикалии. Токму поради оваа причина, сега најмногу треба да се ужива во ова божествено овошје!




Сепак, на секоја среќа и доаѓа крајот, а јагодите, за жал, траат прилично кратко и брзо ја губат свежината и препознатливиот вкус, поради што ги сакаме толку многу.




Корисничка на Јутјуб, по име Емили, на својот профил го споделила трикот што го користи и за кој тврди дека ги одржува јагодите свежи.




Значи, потребна ви е чиста и сува стаклена тегла со капак. Едноставно ставете ги јагодите во тегла и затворете ја. Како што можете да видите, Емили ги извадила подоцнежните јагоди за кои тврди дека се во фрижидер две недели и останале сосема исти.




Сепак, таа советува да не се претера, бидејќи со текот на времето јагодите ќе ферментираат.











