Кроасани може да се сервира и со благ и солен појадок.

Сите сакаат кроасани, а тие се вообичаен избор за појадок кога одите во пекара. Путерот ќе им даде посебна мекост и вкус, а вие ќе уживате во секој залак. Идеални се за појадок или вечера, можете да ги јадете неутрално без ништо, или да направите слатка или солена комбинација со разни намази.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • пакет сув квасец
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 250 мл млеко
  • 80 мл масло
  • 100 мл јогурт
  • 150 гр путер

Подготовка:

Advertisement

Во длабок сад ставете ги брашното, солта и шеќерот и убаво измешајте. Истурете го квасецот во топлото млеко и добро измешајте да се раствори без грутки. Истурете брашно заедно со масло и јогурт.

Тестото убаво замесете го најмалку 10 минути. Покријте го со крпа и оставете го да отстои околу еден час. Расукајте го до дебелина од околу 2 сантиметри. Над тестото изрендајте го омекнатиот путер, па уште еднаш замесете го. Расукајте го уште еднаш во голем круг со дебелина од околу 1 cm.

Исечете го тестото на еднакви триаголници, па секој од нив виткајте го во ролат. Кроасаните наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во ладна рерна, па вклучете ја на 200 степени и кога ќе се загрее, печете ги уште 10-15 минути.

Advertisement