Рибата за време на постот е една од главните намирници што ја користиме за подготовка на посна трпеза. Покрај тоа, е многу здрава и содржи бројни витамини и минерали.

Рибата во манастирски начин е еден од најдобрите начини за подготовка на риба.

Подготовка: Се мешаат сувите зачини, па откако ќе ја пресечете рибата на парчиња истурете ги врз неа и оставете ја да отстои 2 часа во фрижидер. Потоа се става во тава на хартија за печење и се прелива со масло (по една лажичка на секое парче).

Тавата покријте ја со алуминиумска фолија и печете околу половина час на 200 степени, потоа извадете ја фолијата и печете околу 15 минути.

Advertisement

Во сад ставете го исецканиот бел лук и магдонос, маслоновото масло и сол, па сето тоа прелијте го преку жешката риба.
Вратете ја фолијата на рибата и оставете ја да отстои додека не се подолади за да ги впие вкусовите.

Advertisement