Овој десерт никогаш не сте го пробале!

Компоненти:

Тесто: 400 гр брашно, 250 гр путер, 200 гр шеќер, 1 јајце, 1 прашок за пециво, 40 гр какао

Полнење: 500 гр свежо сирење, 1 ванилин шеќер, 250 гр шеќер, 150 гр стопен путер, 1 прашок за пудинг од ванила

Advertisement

Подготовка:

Замесете крцкаво тесто и ставете го да се излади, додека го подготвувате филот.

Растопете го путерот и измешајте ги останатите состојки додека не добиете кремаста смеса.

Поделете го тестото на 3 дела. Еден дел од тестото развлечете го во круг со големина на дијаметарот на калапот и ставете го на дното од калапот кој претходно сте го подмачкале.

Другиот дел искористете го за да ги обложите страните на калапот со него, за да добиете „ограда“.

Потоа со филот прелијте го тестото и остатокот, третиот дел од тестото се сечка на парчиња и се става врз филот.

Печете го колачот околу еден час на 160 степени. Се сече изладено, за целосно да се стврдне филот, а по желба се посипува со шеќер во прав.

(стил)

Advertisement