Против болки во грбот често е доволно да се применуваат многу лесни вежби за истегнување, не подолги од пет минути!
Болките во грбот ги мачат младите и старите ширум светот, а статистиката покажува дека тоа е една од најчестите причини поради кои луѓето одат на боледување. По правило, постарите луѓе се повеќе изложени на ризик, како и луѓето кои поминуваат многу време на тешки позиции или креваат тешки товари поради нивната работа.
На болки во долниот дел на грбот се жалат и оние кои многу стојат или седат – и келнерите и компјутерските работници. Притисокот врз пршлените и дисковите е голем, но често главниот проблем е мускулната напнатост.
Се случува истите мускули да се постојано во употреба или постојано да се во иста згрчена положба. Поради неактивност, мускулите слабеат, што дополнително ќе го загрози ‘рбетот.
Покрај вежбите за зајакнување на мускулите, и на грбот и на абдоменот, се препорачуваат секојдневно истегнување кое можете да го правите наутро. Сите кои чувствуваат непријатност во вид на утринска вкочанетост многу брзо ќе ги увидат придобивките од овие едноставни вежби.
Сè е направено во кревет или со поддршка на него. За првата вежба, легнете на грб, коленото од десната нога доведете го до градите, па повторно испружете го. Повторете со другата нога, па со двете заедно. Оваа вежба можете да ја повторите неколку пати.
Сега доведете ги колената до градите и завртете ги лево и десно од телото, држејќи ги рацете склопени под главата.
Подготвени сте да станете и да седнете на работ од креветот, за да можете да го истегнете мускулот пириформис. Ова ќе го направите со прекрстување на ногата, потпирање на глуждот на коленото. Потпрете ги рацете на колената и навалете се напред колку што дозволуваат вашите мускули.
Подигнете ја свитканата нога така што коленото ќе стигне до градите, со едната рака потпрете се на креветот зад себе и свртете ги градите назад.
Завршете стоејќи покрај креветот, клекнувајќи со едната нога на душекот. Подигнете ја спротивната рака до таванот и полека погледнете нагоре. Повторете го истото со другата нога, пишува Лепа и Среќна .











