Како што открива спортистот по многу години, неговиот син бил во тешка здравствена состојба по раѓањето




Речиси и да нема човек кој следи фудбал, а да не го смета Златан Ибрахимовиќ како вистинска спортска дива на која ништо лошо не може да и се случи.




Меѓутоа, истиот тој џин во книгата „Јас сум Златан Ибрахимовиќ“, чиј автор е Дејвид Лагеркранц, зборуваше за неговата блескава кариера, но и за тешкото детство, семејство, па дури и моменти кога не можеа да му помогнат сите пари на светот!




Имено, како што открива Златан, неговиот наследник по раѓањето имал тешка здравствена состојба.
– Со Макси се беше ново, а забележавме дека многу повраќа. Освен тоа, не се здебелил, туку ослабел. Не знаевме зошто. Дали е тоа нормално? Цело време повраќаше, не ја знаевме причината и дали мора. Се јавив на семејството, пријателите и сите ме тешеа дека не е ништо страшно, но јас не верував. Се обидував да се утешам – раскажал фудбалерот за тешкиот момент кога дознал дека детето му е болно.




Ибрахимовиќ открива дека пред детето бил „џентлмен недопирлив“!
– Можев да бидам лут и луд, можев да ги покажам сите можни емоции. И се би можело да се реши доколку сте биле цврсти, упорни, но ова не било така. Тука бев немоќен, едноставно ништо не можев да направам. Макси од ден на ден стануваше се послаб, беше толку мал и сега навистина се забележуваше дека има коска и кожа. Изгледаше како животот да сака да го остави.




Открива дека бил во таков грч што не се ни сеќава дека отишол во болница, се сеќава само на болничкиот коридор и мирисот.
– Истрчав и прашав само каде, каде е, на крајот ме однесоа во големата сала каде што лежеше Макси во инкубаторот. Беше помал од кога било, како мала птица. Имаше цевки низ телото и носот. Како да ми го извадија срцето од градите.




Ве сакам двајцата. Ти си ми се. Но, не можам да го поднесам ова. Јавете ми се за се што ви треба – и рекол фудбалерот на сопругата Хелен и побегнал од салата.
За среќа операцијата била успешна.




– Макси се уште има лузна. Тој се чувствува здрав како и сите деца на негова возраст и често се сеќавам на тој настан. Тоа ми дава подобар поглед на животот, искрено – заклучи Златан Ибрахимовиќ, кој набргу потоа го доби уште еден син, Винсент.











