Смоквара е традиционален деликатес на Херцеговина. Специфичен е поради џемот, како што кажува и неговото име, слатко од смокви.
- Состојки (за смесата)
- 1 шолја масло
- 1 шолја млеко
- 1 шолја вода
- 2 шолји џем од смокви
- 1 и пол шолја брашно
- 1 и пол шолја гриз половина шолја
- пченкарно брашно
- 1 кесичка прашок за пециво
- 1 јајце (по желба)
- За шербет (залив)
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши вода
- 2 чаши џем од смокви
Подготовка
Важно е прво да се направи шербетот, бидејќи печените смокви треба веднаш да се прелеат топло со ладниот шербет. Шеќерот, водата и џемот се варат, не смее да се вари многу и се остава да се излади.
За смесата со смокви потребно е во сад да се стават масло, вода, млеко и џем да се варат. Додадете брашно со прашок за пециво, гриз и пченкарно брашно и добро измешајте за смесата да биде изедначена.
Повторно ставете го садот на рингла и измешајте неколку минути и оставете го тестото да се излади.
Кога е млако, по желба можете да додадете јајце и од млакото тесто да формирате смокви со големина на дланка, да ги исечете со нож и да ги ставите во „подмачкана“ тава.
Смоквите ставете ги во загреана рерна на температура од 200 степени да се печат. По околу 10 минути намалете ја температурата на 150 степени и печете 15-20 минути. Треба да се внимава убаво да се испечени, бидејќи смоквите не смеат да изгорат од дното и да бидат тврди.
Со ладниот шербет прелијте ги печените и топли смокви.
Забелешка
Оставете ги смоквите „добро“ да го впијат шербетот.











