По желба при послужување одозгора можете да го украсите со шлаг, но колачот е совршено убав и без него.
Состојки: 6 јајца, 100 грама шеќер, 200 грама гриз, 200 грама ореви, 100 грама суво грозје, кора од лимон.
Сируп: 600 грама шеќер, 3 децилитри вода, 1 лимон.
Подготовка: Жолчките и шеќерот се матат додека не се запенат, се додаваат мелените ореви, ренданата кора од лимон, гризот и сувото грозје. Изматете ги белките додека не се стегнат, а потоа нежно измешајте ги во смесата со жолчките.
Истурете ја масата во намрсена и набрашнета тава, израмнете ја и печете половина час на 180 степени.
За сирупот шеќерот покријте го со вода, варете десетина минути, а кон крајот додадете го лимонот исечкан на прстени.
Испечениот колач исечете го на триаголници, прелијте го со топол сируп и оставете го на ладно да се впие. По желба, при послужување, одозгора можете да декорирате со шлаг, пренесува Стил.











