Сувата кожа лесно може да пукне, а многу често тоа се случува на стапалата, особено на петите. Тие се оптоварени со одење или носење неудобни чевли, па кожата лесно се згуснува.

За да го поправите, нема потреба да одите кај козметичар. Доволно е сами да ја направите магичната смеса.

Се што ви треба е млеко и сода бикарбона.

Постапка :
1. Загрејте го млекото и истурете го во поголем сад во кој можете удобно да ги сместите стапалата.

Advertisement

2. Потопете ги стапалата во млеко пет минути и потоа прелијте ги со сода бикарбона.

3. Соединете ги млекото и сода бикарбона така што нежно ги движите нозете.

4. Посебно внимавајте на деловите од стапалата каде што кожата е потврда и погуста. Доколку е потребно, со рацете нежно масирајте ги проблематичните делови на стапалата со смесата.

5. Кога ќе завршите со чистење на стапалата, оставете ги во леген уште 5 минути.

6. Исплакнете ги темелно стапалата со топла вода.

Најдобро е барем еднаш неделно да ги натопите стапалата во оваа смеса.

Advertisement