




Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.




Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.




Нејзината популарност ескалирала со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“. Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов, а последниве години повторно се вратила на својата прва љубов – квизот.




Последниве години, речиси една деценија, го води квиз-шоуто „Сè или нешто“, на ТВ Сител.




Лила сака да биде транспарентна и од тие причини реши да сподели со јавнсота кој и е спонзорот кој и ги приуштува скапите одмори. На Инстаграм профилот напиша:




„Еве решив да ви го покажам мојот спонзор. Чест ми е што токму „таа е“….успешна, упорна, професионална, ведра, вистинска лавица и мојо „другар“ и спонзор. Па нека иде живот“.




Всушност станува збор за сопственикичка на Скопска туристичка агенција.












