Дознајте кои вежби помагаат при симптомите предизвикани од ревматоиден артритис. Тие се едноставни и носат значително подобрување.

Ревматоидниот артритис е хронична болест која може значително да го отежне секојдневното функционирање на заболениот од него. Сепак, одредени вежби можат да помогнат во ублажување на симптомите и враќање на подвижноста на зглобовите.

Ревматоидниот артритис е една од најчестите форми на артритис, а често се манифестира со болки , отоци и вкочанетост на зглобовите, што значително го намалува квалитетот на животот. Иако вежбањето има бројни здравствени придобивки, не се препорачува секој облик на физичка активност за пациентите. Важно е да се изберат вистинските вежби кои не ги напрегаат зглобовите и не предизвикуваат дополнително воспаление.

Според истражувањата, физичката активност е клучна за одржување на општото здравје, зајакнување на мускулите и коските, но и за подобрување на менталното здравје. Во случај на хронични заболувања, како што е ревматоидниот артритис, вежбањето е уште поважно бидејќи помага во намалување на болката, зајакнување на мускулите и подобрување на подвижноста, што директно придонесува за квалитетот на животот.
Симптоми на ревматоиден артритис: како да се препознае болеста?

Advertisement

Ревматоидниот артритис е автоимуна болест која ги напаѓа зглобовите , предизвикувајќи воспаление кое предизвикува болка, оток и вкочанетост. Некои од почестите симптоми вклучуваат:

  • болка во зглобовите, и при мирување и за време на движење;
  • оток и чувство на топлина во погодените зглобови;
  • вкочанетост на зглобовите што обично трае подолго од 30 минути по будењето;
  • чувство на замор и исцрпеност без јасна причина;
  • повремено присуство на малку покачена температура;
  • губење на апетит;

Овие симптоми може да се разликуваат по интензитет и периодично да се влошуваат. Доколку не се препознае и лекува навреме, ревматоидниот артритис може да предизвика сериозно оштетување на зглобовите и да ја ограничи подвижноста, што значително влијае на квалитетот на животот.
3 најдобри вежби за ублажување на симптомите

1. Истегнување – помага да се зголеми флексибилноста, да се намали вкочанетоста и да се зголеми опсегот на движење. Редовното истегнување придонесува за поголема подвижност на зглобовите, што е особено важно за болните од артритис. Овие вежби се изведуваат полека и постепено, со цел што подобро да се прилагодат зглобовите и мускулите.

2. Вежби за сила – овие вежби се насочени кон тонирање и зајакнување на мускулите. Тие можат да се направат со тежина (со употреба на тегови или ленти за отпор) или само со користење на сопствената телесна тежина. Јачината на мускулите овозможува подобра стабилност и подвижност на зглобовите, а со тоа и намалување на болката.

3. Аеробни вежби – пешачењето, возењето велосипед и пливањето се аеробни активности кои помагаат да се одржи општото здравје и да се намали болката кај заболените од ревматоиден артритис. Овие вежби го одржуваат телото активно додека ја намалуваат вкочанетоста на зглобовите.

Комбинацијата на овие вежби ги зајакнува мускулите и коските, што, доколку се практикува редовно, доведува до трајно подобрување на симптомите на ревматоиден артритис .

Advertisement