Капините имаат неодолив слатко-кисел вкус, а се користат при подготовка на многу џемови или сокови.




Капините содржат здрав шеќер, малку калории и се богати со калциум, влакна, магнезиум, витамин Ц и антиоксиданси. Затоа носи многу здравствени придобивки доколку се консумира редовно.




1. Идеални се за слабеење
Бидејќи се нискокалорични, не содржат маснотии и немаат додаден шеќер, тие се совршена опција доколку сакате да изгубите тежина. Со оглед на тоа што содржат влакна, поволно делуваат на варењето и на самиот дигестивен тракт. Друга придобивка е чувството на ситост што го дава ова овошје.




2. Зајакнување на имунитетот
Витаминот Ц, кој го има и во ова овошје, е важен за одржување на силен имунолошки систем. На пример, една чаша свежи капини содржи 30 mg витамин Ц. Ова е дури и повеќе од 30 проценти од препорачаната дневна доза на овој витамин. Антиоксидансите во капините се природен „штит“ против многу воспалителни процеси во организмот.




3. Варење
Конзумирањето капини добро влијае на нивото на позитивни бактерии во цревата. Влакната, кои ги има во изобилство во ова чудесно овошје, го промовираат здравјето на целиот систем на органи за варење.




4. Концентрација и меморија
Можеби не сте знаеле, но храната која природно има виолетова или темноцрвена боја содржи полифенол антоцијанин. Може да има исклучително корисен ефект за подобрување на меморијата, концентрацијата и фокусот. Капината е совршена храна за мозокот.




Природните лекови на нашиот портал служат за помош на луѓето. Доколку имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар.











