Секоја година истата плажа, истото море, планина или езеро – секогаш одењето на одмор на исто место кажува многу за вас и вашата личност.

Го знаеш патот до таму, го имаш омилениот ресторан, се поздравуваш со шанкерот, па дури и со спасителот. Накратко, тоа е вашиот втор дом и затоа се чувствувате безбедно. Откријте повеќе детали подолу.

За вас е важно да се чувствувате безбедно

Потребата за безбедност е заедничка за сите луѓе. Секој од нас треба да биде на безбедно место и да се чувствува добро таму каде што е, пишува Grazia Italia.

Advertisement

Сепак, на некои луѓе тоа им е толку многу потребно што не можат да го поднесат чувството на неизвесност што доаѓа со посета на нови места. За да го избегнат тоа почетно чувство на дезориентација, тие едноставно избегнуваат да одат таму.

Не ви се допаѓаат промените

Ако секоја година избирате исто место, иста планина, иста плажа, веројатно не ви се допаѓа промената. Тоа вклучува преземање ризици, всушност, секој пат кога ќе посетите ново место не знаете како ќе ви помине одморот. Можеби нема да ви се допадне, услугата може да не е задоволителна или да наидете на нешто што не сте го очекувале. Сето ова се минимизира доколку останете на место кое добро го познавате.

Повеќе сакате да останете во вашата комфорна зона

Оние кои никогаш не се менуваат дури и кога можат да изберат, сакаат да останат во она што го знаат, во нивната комфорна зона.

ДАЛИ И ВИЕ СТЕ ЛИЧНОСТ ШТО СЕКОГАШ. ОДИ НА ИСТО МЕСТО НА ОДМОР?

Advertisement