Таткото на пет деца предизвика жестока дебата откако сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како ги шета своите деца




Иако користи поводник за да се погрижи никој да не побегне или да се изгуби, луѓето го осудија. На видеото се гледа како Џордан држи пет јажиња, а секое е поврзано со запрега што го носи едно од неговите петгодишни деца.




„Кога луѓето ме осудуваат дека користам поводник на моите деца. Дојдете пробајте да одите неколку метри во моите чевли“, напиша Џордан, чие видео брзо стана вирално на социјалните мрежи.




„Подобро да се спречи отколку да се лечи. Да имам толку деца, би го направил истото“, „Со пет деца, ти треба ова. Ти си одговорен родител“, „Откако моето двегодишно дете се обиде да истрча на улица, користиме и поводник“, „Гледате дека безбедноста на децата е приоритет, браво тато“, напишаа оние кои одобруваат на употреба на каишки.




Сепак, има уште многу кои не се за овој метод и му порачаа на Џордан да се однесува со децата како со животни. „Дали се спасени од улица“, „Тие се луѓе, а не кучиња. Како да ги научите на улични манири“, „Следниот пат ќе сакате да ги обучите да влечат санка“, „Полесно ќе беше да немате толку многу деца“, велат тие.




Џордан објасни за Today дека неговите деца се љубопитни и сакаат да трчаат и истражуваат. Јажињата му помагаат на него и на неговата сопруга „да го зачуваат сопствениот душевен мир и разум“.




Дали би го користеле овој производ и за вашите деца?
Дали СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ИЗУМОТ НА ОВАЈ ТАТКО?











