Една жена на Интернет сподели совети како полесно да се ренда сирење

Кој не сака домашна пица со многу рендан кашкавал? Или пита со јаболка? Но, малкумина сакаат да рендаат? За многумина тоа е досадна работа. И многумина го прават тоа погрешно!

Секој обично го става рендето исправено. Се разбира, кој би помислил поинаку, нели?

Но, сирењето многу полесно се ренда кога ќе го ставите рендето на страна.

Advertisement

Би Симонс, уметничка за тетоважи од Англија, на Твитер објавила кратко видео како ренда сирење ставајќи го рендето на страна.

Кога ќе се стави рендето на страна, по него се движите какавалот хоризонтално, а ренданото паѓа на другата страна и останува таму.

На тој начин полесно ќе го префрлите во соодветниот сад. Дополнително, кога рендето го ставаме исправено, често се случува да ни се фати за нокти, а тоа може да биде непријатно. Од друга страна, кога го држиме рендето рамно, прстите не ни се блиску до остриот дел.

Advertisement