Кај нас пилешкото е најпопуларниот вид на месо, а студијата открива кој дел од пилешкото е најштетен по здравјето.

Пилешкото е , покрај свинското, најпопуларниот вид на месо. Една од причините е достапноста, благиот вкус без силен мирис, но и цената која е попристапна од, на пример, говедско, телешко или свинско месо.

Бонусот е што ова месо е богато со различни хранливи материи, корисни за здравјето на организмот.

Со цел да се намалат трошоците и да се забрза процесот на размножување на овие животни, тие не се хранат само со комбинирана храна, туку им се додаваат и хормони. А за да се спречат болестите и да се намали смртноста на минимум, во храната се додаваат антибиотици.

Advertisement

Кога такво месо е на масата, тогаш сè што животното јадело за време на размножувањето влегува во нашето тело . За да избегнете труење на сопственото тело, постојат три начини да го исчистите ова месо од се што е штетно.

Кога јадете пилешко, подобро е да не ја консумирате кожата , која целосно се состои од маснотии и, покрај тоа, може да содржи и голем број бактерии.

Исто така, се препорачува да не се јадат белите дробови, бидејќи дури и високотемпературната термичка обработка не е во состојба целосно да ги отстрани сите паразити од нив.

Кинеските експерти советуваа и да не се користи главата (која кај нас ретко се користи), бидејќи во овој дел од пилешкото се акумулираат сите штетни материи што животното ги јаде во текот на својот живот.

Готвење во две води

Познато е дека сите штетни материи од месото всушност испаруваат во вода за време на готвењето. Значи, ако сте решиле да зготвите супа со пилешко месо, тогаш фрлете ја водата во која се готви двапати – првиот пат кога водата само ќе зоврие, а вториот пат кога месото е половина сварено.

Овој метод најмногу потсетува на мариновање. Тоа ви овозможува не само да се ослободите од штетните материи во пилешкото, туку и да го забрзате процесот на готвење и да го подобрите вкусот на месото. Подгответе раствор од 4 лажици сол и еден литар вода на собна температура. Додадете 2-3 лажици сок од лимон или половина лажичка лимонска киселина.

Сè убаво измешајте да се растопат состојките. Исечете го пилешкото на парчиња и натопете го во половина од оваа течност. Оставете го да отстои неколку часа, а потоа исплакнете го месото со проточна вода и повторете ја постапката со преостанатата течност.

Ако месото го добивате од супермаркет, експертите предупредуваат за одредени делови од пилешкото каде што оваа хемикалија е поверојатно да се задржува.

Најкорисно и најздраво е белото месо, но дефинитивно се препорачува да биде добро термички обработено за да се уништат сите можни патогени.

Готвачот Сергеј Синицин препорача кога купувате месо прво да го помирисате – ако мирисате на хемикалии откажете се, нема здрави состојки во таквото месо. Тој ги советуваше и сите да ја избегнуваат кожичката, бидејќи освен што има многу штетни материи, го зголемува холестеролот во крвта.

Advertisement