Треба да бидете внимателни!

Морско оревче е богато со антиоксиданси, кои штитат од развој на хронични болести и имаат антиинфламаторно дејство. Имаат и силно антибактериско и аналгетско дејство, па затоа тинктурите кои го содржат овој зачин се користат во масти и лекови против болки. Особено со ревматизам и механички повреди.

Добро е и за здравјето на бубрезите и црниот дроб бидејќи им помага да ги исчистат токсините, но и да ги растворат калцификациите кои можат да се наталожат во овие органи.

Мускатното оревче содржи минерали како што се калиум, калциум, железо и манган. Овие минерали се од суштинско значење за борбата на имунолошкиот систем против бактериите и болестите.

Advertisement

Забоболката е предизвикана од бактерии кои наоѓаат убаво место за нивниот раст и развој, во вашиот заб. Тогаш ви се потребни антибактериските својства кои се наоѓаат во морското оревче. Истражувањата докажаа дека морското оревче ги уништува бактериите, благодарение на еугенолот. Се што треба да направите е да истурете малку масло на болниот дел. Ако имате мала дупка, истурете го маслото директно во неа.

Иако ова е вреден зачин кој може да го подобри општото здравје на многу начини, може да има и многу непријатни несакани ефекти. Доколку го користите во мали дози, нема причина за загриженост, но претерувањето може да доведе до компликации, па дури и сериозно труење, пренесува порталот „Б92“.

Исто така, овој зачин е строго забранет за трудници, како и за луѓе кои страдаат од епилепсија и тешки невролошки нарушувања.

Меленото морско оревче треба да се чува на суво место, во стаклена тегла, подалеку од извори на топлина и светлина. Вака чуван, останува свеж шест месеци.

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

Advertisement