Д-р Никос Георгиу и професорот Енрико Скалас од Универзитетот во Сасекс во Велика Британија со месеци ги анализирале редиците во супермаркетите и откриле како да го изберат најбрзиот.




1. Проверете што имаат клиентите во редот пред вас во корпите – предметите во тврдо пакување не одземаат многу време за скенирање додека производите во пластични кеси може да потрае долго бидејќи понекогаш касиерот мора рачно да го внесе баркодот . На пример, некој со млеко и сок во количката ќе помине низ касата побрзо од некој со вреќа замрзнат зеленчук.




2. Избегнувајте скриени каси – истражувањата покажаа дека касиерите чиј поглед на клиентите е скриен работат побавно. Погледот може да се скрие со наредени корпи или странични лавици, пишува Дејли Мејл.




3. Застанете зад клиентот со полна количка – иако на почетокот не изгледа како добар избор, научниците велат дека е вистина. Тие објаснуваат како на секој клиент му треба време да се поздрави, плати, стави намирници во торби, пари во паричник… Во просек, потребни се 41 секунда по лице. Тие пресметале дека клиент со сто намирници во количка троши во просек по шест минути, а четири лица со по 20 намирници ќе поминат седум минути во ред.




4. Редиците на касите од левата страна се движат побрзо – повеќето луѓе се десничари и инстинктивно го избираат редот од десната страна.
5. Изберете жена на каса – иако на каса работат претежно жени, докажано е дека тие ја работат работата побрзо од мажите.











