Лековитата смеса од банани е одлично природно средство против кашлица чија ефикасност е проверена и во лекувањето на упорната кашлица, како и на бронхитис.

Посебно е делотворна кај децата, бидејќи не ја отфрлаат како другите лекови поради вкусот, но и кај возрасните.

Вкусна е, здрава, и многу хранлива, па благотворно делува и врз желудникот.

Ако вашето дете го мачи болното грло и кашлица – задолжително пробајте да ја направите оваа чудесна смеса.

Advertisement

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2 средни зрели банани (најдобро да бидат оние со кафеави дамки)
  • 2 лажици шеќер или мед (ако додавате мед, тогаш тој се става кога смесата малку
  • ќе подизлади, бидејќи медот ги губи своите својства на високи температури)
  • 400 мл зовриена вода

ПОСТАПКА:

Излупете ги бананите. Добро изгмечете ги со виљушка или лажица (најдобро со дрвена или пластична за да не потемнат).

Додадете го шеќерот и добро промешајте. Прелијте со врела вода, поклопете и оставете да отстои 30 минути. Ако користите мед, него ставете го на крајот, кога оваа смеса ќе се олади.

Смесата процедете ја низ пластична цедалка, но и не мора доколку не сакате.

ДОЗИРАЊЕ: Пред консумирање малку загрејте ја смесата да биде млака. Се консумира 4 пати дневно (по околу 100 мл).

Секој ден направете нова доза – лесно е. За неколку денови кашлицата ќе престане. Не ви се потребни скапи лекови!

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

Advertisement