Колапс, вртоглавица и несвестица се чести во овој период од годината

Кога скалата ќе надмине 40 , ниту здравите луѓе не се поштедени од вртоглавица и несвестица, а сето тоа поради неприлагодувањето на телото на топлината. Затоа имаме неколку важни совети кои ќе ви помогнат да се справите со ваквите временски услови .

– Најважно е да го слушате вашето тело . Универзалниот совет е да не излегувате во најтоплиот дел од денот, од 10 до 17 часот, освен ако навистина не морате.

– Исхраната треба да биде медитеранска, со многу риба, супа од зеленчук, овошје и свежа салата . Внесувањето вода е задолжително, а се препорачува здрави возрасни лица да пијат од осум до десет чаши дневно, а пожелно би било да консумираат и лимонада.

Advertisement

– Преминот од разладените простории во топлиот надворешен простор најмногу проблеми им создава на луѓето кои имаат коронарни и цереброваскуларни заболувања , но и за дијабетичарите, астматичарите и оние со проблематична циркулација. Затоа треба да се прави постепено и да не се прави преголема разлика помеѓу температурата внатре и надвор.

– Лицата кои имаат сериозни здравствени проблеми треба да останат дома во период на високи температури , да се одмораат и да не вршат тешка физичка работа.

– На удар се и метеоропатите, бидејќи страдаат од несоница, главоболки и слаба концентрација, поради што стануваат раздразливи, а тоа е случај и со психијатриските пациенти. Затоа е подобро да останат дома.

– Пациентите со хипертензија треба често да земаат терапија и да го мерат притисокот, бидејќи поради високата температура на воздухот може да се прошират крвните садови на периферијата и природно да се намали артерискиот крвен притисок. Доколку на таквите пациенти опадне крвниот притисок, се препорачува да имаат со себе солени крекери и да не спијат или пешачат долго во најтоплиот дел од денот. Дебелината, пушењето, зголеменото ниво на шеќер и холестерол во крвта се исто така фактор на ризик за нив, па затоа не треба да вршат тешка физичка работа. Астматичарите исто така треба да го следат овој совет.

Advertisement