Јана Орфева живеела во беда и сиромаштија, додека не станала љубовница.
Многу девојки на социјалните мрежи покажуваат луксузен начин на живот , истакнувајќи ги само најубавите моменти од нивниот живот. Создавајќи лажна слика за себе, тие поставуваат одредени стандарди во општеството, кои често се нереални.
Една од оние кои се фалат со луксуз е Јана Орфева , која себеси се нарекува „најплатена љубовница“ . Имено, зад скапите ткаенини кои ги носи и луксузните патувања на кои оди, се крие спонзор.
Имено, таа е љубовница на саудиски принц , а за тоа секој ден на нејзината сметка легнува огромна сума на пари. Многу девојки сонуваат да најдат богат шеик, за да можат да уживаат во шармот на луксузот, а сонот на оваа украинска манекенка се оствари.
Јана три години ужива со богатиот принц, а освен што поради „титулата љубовница“ секојдневно добива по околу 5.000 евра, саудискиот мултимилионер и подарува луксузни патувања, брендирани чанти, чевли, гардероба, и скапи автомобили, пишува Дејли Стар.
Додека на социјалните мрежи споделува многу работи од приватниот живот, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија од специјално направен прстен „Граф“ кој чини околу 200.000 евра, што, како што пренесуваат странските медиуми, е ситница за еден принц. .
Најчесто сама оди на платени патувања, додека понекогаш и се придружува и принцот.
Како што понатаму се наведува, оваа убавица ги искористила парите купувајќи луксузни станови во Киев и Москва, а нејзините пријатели ја опишуваат како добра, но разгалена девојка.
Исто така, Јана многу вложува во својот фит изглед што е очигледно, а многумина коментираат дека тоа е единствената работа што ја има.
На рана возраст таа беше само уште една обична девојка од една украинска провинција која си ја проба среќата на натпревари за убавина. Иако денес го крие своето минато, вклучувајќи го и тоа како изгледала некогаш, старите фотографии покажаа колку Јана се променила.











