Ова момче е медицинско чудо, ги надмина очекувањата и на родителите и на докторот




Тоа е она што родителите на момчето по име Ноа Вол. Пред девет години светските медиуми пишуваа за него – се роди момче со само два отсто од мозокот.




– Кога се породив, лекарите ми рекоа дека на Ноа ќе му биде тешко да преживее, и дека сигурно ќе биде во вегетативна состојба – вели неговата мајка Мишел (49). Таа и нејзиниот сопруг Роб (55), велат тие, паднале во целосен очај кога лекарите им ја кажале мрачната прогноза.




Но, сепак, Ноа ги надмина сите тие мрачни прогнози и во првите три години од неговиот живот му порасна 80 отсто од мозокот, на општо чудење на лекарите кои го нарекоа медицинско чудо.




Ова особено се должи на извонредните напори на родителите кои беа решени нивниот син да преживее и да прооди еден ден. Ги посетиле најголемите светски експерти и го однеле на терапија, а клучниот момент бил кога слушнале за неврофизиатрот Кен Вера од Австралија.




– Мајката на Ноа ми се јави кога прочита напис за мене на еден портал. Стануваше збор за Мартин Хиберт, жртвата на бомбашкиот напад во Манчестер, кој исто така беше со мене на терапија. Иако мојот институт не се занимава со деца, решив да се обидам – вели овој експерт.

Така, со години напор, терапија и труд, од бебе на кое му било кажано дека никогаш нема да зборува, да оди или да јаде самостојно, Ноа сега е деветгодишно момче кое напредува од ден на ден.












