Некој со две раце и две нозе не е способен да го прави тоа што го прави Давор Чаќиќ со едната рака и едната нога.

Овој голем млад човек од Љиг го собори Гинисовиот рекорд во воени склекови на едната рака и едната нога, што е, велат, најтешката дисциплина. Тој направи дури 54 склекови за само 60 секунди.

Со денови се подготвувал и тренирал во својата спална соба, која му станала еден вид теретана, бидејќи имал голема желба да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Тој во емисијата „Нема да верувате“ објасни како се прават вистински воени склекови и каков пат тргнал до Гинис.

Advertisement
Advertisement