Слатко што ќе ви го разубави денот.




Ако сакате слатки, тогаш сигурно ќе ви се допадне денешниот рецепт. Користете лиснато тесто и направете крцкави рози со ореви и крем. Секако, наместо крем можете да го ставите и вашиот омилен џем .




Само не знаете дали има подобар вкус или мирис…
Пробајте го и уверете се сами!
Состојки:
- малку мелени ореви
- малку крем или џем
- 1 јаболко
- жолчки за премачкување (по избор)
- шеќер во прав
- пакување лиснато тесто




Подготовка:




Речиси одмрзнатото тесто развлечете го во долг правоаголник со сукало, па исечете го на ленти од 5 см. Одоздола намачкајте малку крем, па посипете со мелени ореви.




Јаболката исечкајте ги на тенки кришки (со ренде) и наредете ги на мелените ореви. Тестото малку свиткајте го на дното и завиткајте го во роза како што е прикажано на видеото.




Се редат во плех, по желба се премачкуваат со жолчка. Се пече на 200 степени околу 30-40 минути за малку да заруменат.
Топло посипете со шеќер во прав.




Погледнете чекор по чекор инструкции за подготовка:











