Татјана Бозин, која моментално се наоѓа во Египет, во Хургада, раскажала што се случило и како починала жената која била нападната од ајкулата.

Таа ја објави својата приказна на социјалната мрежа Тик Ток и истакна дека жената пливала во недозволено време, пишува Курир .

– Ајкулата млачка и ги одгризала раката и ногата на жената. Пливала во недозволено време, во седум часот, овде пливањето е дозволено до шест часот. А во тој дел има корални гребени. Таа го прескокнала едниот дел од гребенот, каде што бил направен природен базен, го прескокнала другиот дел од гребенот за да влезе во тој дел од морето. Меѓутоа, ајкулата која ја каснала се храни рано наутро или навечер бидејќи е бела и и пречи сонцето. Така ајкулата и таа жена стапиле во контакт – рече таа и додаде:

– Ја касна за бутот, за артеријата, а жената искрвари до смрт. Починала во болница од адреналински шок, срцето најверојатно и застанало и искрварила до смрт. Не е виновна ајкулата, виновна е жената што не ги почитува правилата. Она што го велат овде е дека треба да го почитуваме морето затоа што сме посетители на морето.

Advertisement

Ајкулата е убиена, но велат дека кога ќе се случи напад, ја чипираат, ја враќаат во морето и ги следат нејзините движења за да не се случат повеќе напади.

Да потсетиме, две жени загинаа во напад на ајкула во Црвеното Море јужно од Хургада, соопшти египетското Министерство за животна средина. Телото на 40-годишна романска државјанка е пронајдено неколку часа по смртта на Австријка (68), на која ајкула и ги скинала раката и ногата, јавува Курир.рс .

Advertisement