Резултатите од невообичаеното истражување привлекоа огромно внимание




Без разлика што самите жени велат дека големината на машкиот орган не е пресудна во интимните односи , за должината секогаш ќе се зборува.
Постојат стотици теории за тоа како да се процени колку е надарен маж .




Некои се убедени дека „клуч“ е должината на носот, други тврдат дека големината на машкото стапало е пресудна…
Сепак, една нова студија сугерира дека вистината се крие во сосема друг дел од телото.
Студијата спроведена во Јужна Кореја покажа дека мажите чиј показалец е со иста должина како и нивниот до мал прст, најверојатно, ќе бидат надарени.




Со мерење на должината на овие два прста кај 144 волонтери, а потоа и на нивните пениси, тие дошле до резултат дека мажите со показалецот и до малиот прст со речиси еднаква должина имаат најдолг пенис.
Од друга страна, најмалку надарени се оние со голема разлика во должината помеѓу показалецот и до малиот прст прст.




Ако се прашувате каква врска има должината на прстите со должината на пенисот, научниците објаснуваат дека нивото на тестостерон додека бебето е сеуште во утробата не само што ја одредува должината на пенисот, туку и должината на прстите, особено на десната рака.




Што мислиш? Дали големината на прстите навистина има некаква врска со должината на тој орган?
Можете да ги оставите вашите одговори во коментарите.












