Ако сакате да ги направите највкусните печени компири досега, тогаш мора да ги направите со овој генијален рецепт од грчкиот готвач Акис Петрецикис.

А во рецептот има и една тајна состојка на која веројатно никогаш не сте помислиле при подготовката на компирите.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • два лимони
  • 1,5 литри вода
  • 2 лажици оригано или мајчина душица
  • 2 чешниња лук
  • 75 мл маслиново масло
  • 3 лажици гриз (ова е тајната состојка!)
  • сол, бибер, црвен пипер во прав
    Како се подготвува?

1. Компирите се лупат и се сечат на четири дела (во зависност од големината, доколку се помали, можете и да ги исечете на половина). Сечете на секое исечено парче компир за да се зготви подобро и да изгледа подобро.

Advertisement

2. Во тенџере ставете компири, исцедете два лимони, додадете малку рендана кора од лимон што добро сте ја измиле, додадете 1,5 литар вода и варете. Кога ќе зоврие, варете уште 10 минути.

3. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и во неа ставете празен сад за печење.

4. По 10 минути процедете ги компирите и оставете ги малку да се изладат (5 минути) во посебен сад.

5. Во садот со компирите додадете маслиново масло, оригано (или мајчина душица), сечкан лук, мелена пиперка, сол, бибер и гриз. Измешајте сè добро и ставете го на топол сад за печење.

6. Се пече половина час до 40 минути, а на секои 10 минути вртете ги компирите за да добиете крцкава кора од двете страни. И тоа е тоа! Овој генијален прилог можете да го послужите со вашето омилено месо или да го јадете како таков.

Пријатно!

Advertisement