Секој што сака да го слави својот роденден треба да знае некои обичаи




Како што стареат луѓето се помалку обрнуваат внимание на својот роденден. Многумина мислат дека е бесмислено уште да се слави, да се радува, но таму лежи огромна „стапица“ и грешка што ја прават возрасните.
Роденденот е важен ден за нашата енергија. Тоа треба да биде ден на радост, прослава, добри вибрации, момент кога ќе можете уште повеќе да се поврзете со себе.




На вашиот роденден, бидете среќни и благодарни
Кога ќе се разбудите, заблагодарете се за сето добро што ви се случило досега. Исфрлете ги сите грди и лоши мисли од главата, бидејќи многу е важно каква вибрација сте во тој одреден ден.




Во старите времиња се веруваше дека она што го зрачите на вашиот роденден, го привлекувате во текот на целата година. Конфликтите, негативните емоции и агресијата се неприфатливи бидејќи ќе го блокираат протокот на чиста енергија и ќе ве направат ранливи на негативни коментари и токсични луѓе.




Размислете што сте направиле добро во годината зад вас, на што треба да се гордеете, што треба да промените…
Купете си подарок, дотерајте се убаво, дури и да не славите, правете ситници кои ќе ви го подигнат расположението.




Роденденски верувања и обичаи











