Хана Хуљиќ , ќерката на Тончи Хуљиќ се породи во Сплит и роди девојче, објавија хрватските медиуми.




Пејачот Петар Грашо во март годинава се ожени со својата избраничка Хана, а сега нивниот дом стана побогат за еден член, пишува Слободна Далмација.




Претходно во медиумите беше објавено дека брачниот пар избрал име за девојчето и дека ќе се вика Алба.




Петар Грашо никогаш не сакал да го изнесува својот приватен живот во јавноста, а неодамна призна дека не му се допаѓа оваа популарност во медиумите откако се дозна дека е во врска со Хана.




– Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста, а тоа веројатно ги прави медиумите уште посензационалистички.




Смешно ни е како всушност станавме медиумска мета, а не кренавме прст за тоа. Ни најмалку не нè оптоваруваат, нè забавуваат сите тие написи и корици со бомбастични наслови и тенка содржина. Најмногу не насмеа веста дека станавме хрватски „Меган и Хари“ – рече Грашо и истакна:




– Секогаш ми беше важно да не ги замарам луѓето со неважни ситници и дека музиката е единственото нешто што ги интересира поврзано со мене, а и Хана е слична личност. И покрај ова, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.











