Многу луѓе го чувствуваат притисокот на околината




Кога ќе навлезат во средината на триесеттите, многу луѓе кои дотогаш не нашле доживотен партнер, почнуваат да размислуваат да се откажат од љубовта или да се обидат до точка на исцрпеност, само да ја најдат таа љубов.




Некои потоа почнуваат да веруваат дека приказната за доживотна љубов е само мит, додека други почнуваат да чувствуваат притисок и некаков вид на проценка или сожалување од околината.
На овој притисок особено се изложени жените, кои често се бомбардирани од роднините, родителите и пријателите со прашања од типот: „Кога ќе се омажиш, зошто си толку пребирлива, кога ќе се породиш…“




Многу жени потоа почнуваат да излегуваат на состаноци на слепо, да влегуваат во односи со мажи кои не ги сакаат доволно, се во желба да ги исполнат очекувањата што околината ги има од нив. Ваквото однесување едноставно не води до посакуваниот резултат и вистинска среќа што секој ја заслужува.
– Повеќето од нас сакаат љубов и партнер со кој ќе го делиме животот, но се трудиме тоа да го постигнеме на погрешни начини. Грешката е што продолжуваме да живееме на ист начин и се надеваме дека тоа некако ќе доведе до различни резултати. Знаеме дека тоа нема никаква смисла, а сепак продолжуваме да се однесуваме во согласност со нашите вкоренети вредности и ставови – нагласува психологот Олга Романива.




Според мислењето на Олга, секој кој сака еден ден да се омажи за некој што искрено го сака и кој навистина му одговара во повеќето работи, треба добро да го погледне неговото однесување и воспоставените навики. Разберете што во вашиот живот е во прилог за остварување на вашата желба, а што, од друга страна, ве саботира во тоа.




Најдоброто нешто што можете да го направите за себе, ако барате партнер, е само да излезете таму. Ова не значи дека треба да се согласите да излегувате со првите луѓе што ќе ги запознаете и да отворите профили на сите страници за запознавање, туку едноставно да запознавате луѓе и да бидете отворени за дружење, испраќање пораки и запознавање.




Само со средба со голем број луѓе, ќе имате поголем избор и можност да запознаете некој кој навистина ви одговара. Освен тоа, не заборавајте дека животот е низа случајности, па затоа не е невозможно да налетате на добра личност кога најмалку очекувате. Сепак, бидете свесни дека тоа нема да се случи ако само седите помеѓу вашите 4 ѕида.




– За да пронајдете навистина здрава врска, многу поважно е да бидете подготвени за таква врска. Станува збор за идентификување на погрешни обрасци и мисловни процеси кои можеби ве спречуваат да го добиете она што го сакате – објасни Романива.




Покрај тоа, не е лошо да поминете малку време сами и да не барате партнер. Нека биде период во кој ќе размислувате за она што штотуку го спомнавме. Нека биде времето што ќе го одвоите само за себе, за работите што ги сакате и за работа на вашите вештини, особини и знаење. Секој стабилен и изграден човек треба да биде самодоволен.




– Не постои побрз начин да оттурнете маж отколку да му дадете до знаење дека ви треба. Ако мажот види дека жената го доживува како можност за емоционално задоволство или начин да ја пополни нејзината „празнина“, тој сигурно ќе си замине. Да сакаш маж не е исто што и да имаш потреба. Потребата е состојба на умот во која се чувствувате инфериорно или емотивно празно и се обидувате да го пополните тој празен простор со врски. Потребата обично произлегува од недостаток на самодоверба.




Чувствувате дека нешто недостасува и погрешно верувате дека врските ќе бидат лек. Ако сте биле несреќни пред врската, ќе бидете несреќни во неа. Наместо да ја жалите осаменоста, поработете на односот кон себе – советува психологот.











