Возачите на паркингот во сараевската населба Отока изминатите денови беа изненадени од крајно невообичаена ситуација кога Голфот избрка друго возило кое беше неправилно паркирано, со цел да обезбеди премин за себе.

Како што може да се види на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, самиот Голф се најде на неправилно паркирано место, спроти контејнерот. Сепак, од друга страна голем број возила, исто така неправилно паркирани, го блокираа преминот на Голфот.

За да излезе од паркингот, возачот на Голфот реши да турка едно од возилата на прометната улица во соседството. Другите возачи што минувале на улицата во тоа време биле воодушевени.

Обезбедувајќи го својот пат, возачот на Голфот само се оддалечил од паркингот, додека друго возило останало на улица.

Advertisement

Advertisement