Верица Стојаноска потекнува од Маврово. Пред 28 години љубовта ја вселува во една соба од семејна куќа во село Врапчиште, Гостивар. Тоа е собата на сите нејзини спомени. Собата во која ќе ја доживее најголемата радост, но, и најголемата тага. Собата која и покрај тоа што и значи живот за кратко време е принудена да ја напушти.




– Уште не верувам дека сте тука. Уште не верувам дека некој ќе го слушне мојот проблем. Немам ниту 50 години, а, не можам да се присетам на еден убав ден од мојот живот. Уште од првиот ден во семејната куќа на сопругот живеам стегнато. Постојано со страв дали смеам да пуштам машина, да пуштам шпорет за да направам ручек, дали смеам да се бањам …




Кога и да требало да се вратам дома, мене нозете назад ми се враќале. Како да живеев во затвор од роднините на сопругот. Покрај мене и син ми кој има 27 години, немал живот ниту еден ден. Замислете да живеете со дете во една соба сиот живот. Но, работеше само сопругот, не му беше сигурна работата, и не смеевме да одиме под кирија. Немавме избор-без да запре со солзите, се присетува на својот тежок живот Верица од Врапчиште.




22 јануари 2018 ќе биде тажен ден за ова семејство. Ќе дознаат за болеста од која боледува нејзиниот сопруг. Трети април истата година, очигледно ќе биде најцрниот ден за нив, оттогаш ќе започне пеколниот живот на Верица и нејзиниот син.




– Камо среќа Господ мене да ме земеше место сопругот. За три месеци не напушти. Секој ден ни беше стресен, но, после неговата смрт животот ни стана пеколен. Свекрвата не ни остави дел, се остави на другите роднини. Јас и син ми сме осудени да живееме на улица. Среќа еден ден ми се јавија од Исламската заедница и ми рекоа дека ќе ми помогнат. Луѓето навистина дадоа сè од себе, но, веќе мораат да престанат да работат зашто и тие имаат свои обврски-вели Верица.




Верица е вработена, но минималната плата не стигнува ниту за основните животни потреби. Синот не е вработен, ниту има каде да живее, па затоа скратени се и можностите да се прават планови за иднината.




Сите што сакате да помогнете тоа можете да го направите преку жиро сметката 270700050084056 Халк банка или на телефонскиот број на Верица на 076/638612




Целата сторија можете да ја прочитате на следниот линк Приказна.мк











