На 20 километри одалечено од Скопје, поточно во село Мојанци , општина Арачиново се наоѓа оваа чешма. Голем број на граѓани доаѓаат тука за да полнат вода затоа што е прочуена помеѓу селаните како лековита вода. И дедото кој го затекнавме на чешмата вели дека со испиени 10 шишиња вода може да исчезнат камењата во бубрегот. Тој секоја недела доаѓа да полни вода којашто потоа и ја продава , 20 денари едно шише.

„Кого го болат бубрезите и кој има камења му ги стопува“.

80 годишниот Сали вели дека водата е прочуена и низ Европа и соседството. Додава дека не е само мит туку водата навистина помага во отстранување на каменот во бубрегот.

„Дали ја купуваат луѓето водата? -Да купуваат во Германија, Бугарија насекаде. Во Косово, Гостивар, Тетово.

Advertisement

Дали се задоволни луѓето дали им помага водата -Да задоволни се затоа што оздравуваат, им ги снемува камењата“.

Едно од најраспространетите заболувања е камен во бубрег, кој најчесто се јавува кај луѓе на возраст помеѓу 20 и 55 години. Според уролозите еден од најчестите фактори за појавување на камен во бубрезите е водата.

„Кај секој заболен причината е различна, но климата, водата и земјата се основни причинители за појава на камен во бубрегот. Човечката урина е сложена биолошка течност. И кај здрав човек често е презаситена со раствори на различни соли. Ако нормалниот состав на урината се промени или нагло се зголеми киселоста, тоа може да доведе до појава на камен“, вели уролог.

Advertisement