Децата можат да го гледаат светот изненадувачки поинаку од возрасните. Дека навистина е така, потврдува и цртеж кој се шири на социјалните мрежи.

Имено, на цртежот кој привлече големо внимание во јавноста, може да се забележи четиричлено семејство кое на прв поглед делува обесено. Цртежот навистина изгледа морничаво на прв поглед. Сепак, значењето на цртежот е сосема поинакво.

– Темата беше да го нацртате вашето семејство. Детето црташе, родителите итно повикани на разговор. Кога детето го прашале што претставува овој цртеж, тој рекол: „Па, нуркаме, со маски, во Грција“ – стои во објаснувањето.

И навистина, кога внимателно ќе го погледнете цртежот, детето има нацртано маски за нуркање, па дури можете да ги видите и меурчињата.

Advertisement

Овој цртеж предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Advertisement