Тајната е во впивањето на соковите.
Доколку сакате вашите ќофтиња и плескавици да останат сочни и меки дури и ден по подготовката, решението се крие во едноставна состојка што повеќето луѓе ја имаат во кујната. Доволно е да додадете само една полна лажица во смесата од мелено месо за јадењето да остане сочно и по ладењето.
Оваа неочекувана состојка е – пченичен гриз.
Тајната е во впивањето на соковите
За разлика од лебот или презлата, гризот ги впива природните сокови од месото за време на печењето и постепено ги ослободува. Поради тоа, јадењата од мелено месо не стануваат суви и тврди по стоење во фрижидер, туку остануваат меки и нежни.
Правило и дополнителни состојки
Правилото е едноставно: додадете само една полна лажица пченичен гриз на половина килограм мелено месо. Смесата потоа треба да отстои најмалку 20 минути за гризот да набабри и да ги поврзе состојките.
Не се препорачува да се претерува со количината, бидејќи смесата може да стане премногу густа. За уште подобри резултати, во месото можете да додадете едно јајце, ситно сечкан кромид претходно пропржен на путер, малку лук и една лажичка сенф. Сенфот дополнително го омекнува месото, додека пржениот кромид му дава побогат вкус и дополнителна сочност.
Совети за подготовка
Готвачите советуваат смесата да не се меси предолго, бидејќи тогаш ќофтињата или плескавиците можат да станат тврди. При пржење, плескавиците не треба да се притискаат со шпатула за да не се изгубат соковите што ги прават меки и вкусни.











