Една домаќинка откри необичен трик за чистење на витражот на рерната што веројатно не сте го знаеле до сега.

Една жена од Австралија открила дека со години не можела да ја отстрани целата нечистотија од двојната стаклена врата на рерната и тоа и била најтешката домашна задача.

Иако се обидела да го исчисти од сите страни со помош на вода со сапуница и разни други средства, некои делови биле тешко достапни, а нечистотијата постојано се таложила.

Меѓутоа, нејзиниот сопруг и покажал дека постои генијално решение кое го олеснува чистењето на рерната и ви овозможува без проблеми да пристапите до целата површина: доволно е само да го извадите стаклото од рамката.

Advertisement

Иако можеби мислевте дека отстранувањето на стаклото бара посебни вештини или употреба на алатки, видеото покажува дека оваа техника е толку едноставна – само извадете го горниот дел од рамката и нежно извлечете го стаклото.

Сега можете лесно да го префрлите целото стакло во мијалникот или во кадата и добро да го исчистите.

Кога ќе завршите со чистењето, вратете го во рамката и добро прицврстете го, пренесува Нови .

Advertisement