Денеска ќе биде претежно сончево со слаб и умерен југоисточен ветер кој повремено ќе биде засилен на југот, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод .

Во утринските часови магла ќе има во сливовите, речните долини и висорамнините.

Најниската температура ќе биде од еден степен до 12, а највисоката дневна од 18 до 24 степени.

И во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со слаб и умерен југоисточен ветер.

Advertisement

Најниската температура ќе биде од седум до 12 степени, а највисоката дневна околу 23 степени.

Во наредните денови утрата ќе бидат студени, понекаде со слаб почвен мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена облачност. Највисоката дневна температура е во границите на просечната за овој период од годината од 17 до 21 степен.

Биометеоролошка прогноза за сабота, 26.10.2024 година: Биометеоролошките услови поволно ќе влијаат на хроничните пациенти и метеоролозите. Во утринските часови, на места со магла, астматичарите може да имаат проблеми. Се препорачува да се облекувате слоевито според очекуваната дневна температура на воздухот.

Advertisement