Денеска претпладне и дел од попладневните часови на места ќе има ниска облачност, а по котлините краткотрајна магла. низинските предели, додека во текот на денот на повеќето места ќе биде претежно сончево, најавуваат од Републичкиот хидрометеоролошки завод
Најниската температура ќе се движи од три до 11, а највисоката од 17 до 21 степен.
Умерена облачност се очекува кон крајот на денот и во текот на ноќта на запад и југ
Во главниот град денеска во утринските часови ќе има појава на краткотрајна магла во некои делови од градот, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Најниската температура ќе се движи од шест до девет степени,
Периодот на суво време ќе продолжи и во наредните седум дена, со температури во просечниот опсег за втората половина на октомври. Од четврток до недела ќе биде сончево со умерен и засилен југоисточен ветер. Во останатите региони се очекува повремена мала до умерена облачност со утринска магла по котлините.
Биометеоролошка прогноза за среда, 16 октомври 2024 година: Останува релативно поволното влијание на биометеоролошките услови врз мнозинството хронично болни и чувствителни лица. Се препорачува одредена претпазливост за астматичари во утринските часови. Можни се метеоропатски реакции во поблага форма.











