Младата пилотка Оријана Пепер (21) починала од инфекција која и се проширила на мозокот откако комарец ја каснал по челото.

Оријана е голем вљубеник во летањето, а во моментот на смртта посетувала академија за пилоти. Таа сонуваше дека еден ден ќе стане пилот во една од комерцијалните авиокомпании.

Таа веќе ги положила своите теоретски испити на Оксфорд, а потоа заминала во Белгија на дополнителна обука. За време на престојот во Антверпен ја каснал комарец на челото во близина на десното око, пишува Експрес .

Откако каснувањето се проширило и предизвикало инфекција, на почетокот на јули отишла во болница, каде што лекарите и препишале антибиотици за намалување на воспалението.

Advertisement

Меѓутоа, нејзината состојба не се подобрила и Оријана се онесвестила два дена подоцна додека била со своето момче Џејмс.

Оријана и нејзиното момче се запознале на обука за пилоти, а потоа заедно биле префрлени во Антверпен, Белгија. Тој пред судот изјави дека и двајцата биле каснати од комарци неколку пати во текот на двата месеци додека живееле во Антверпен. Ниту еден од нив никогаш не добил алергиска реакција или инфекција.

Комарците се нормална појава во текот на летните месеци

– Мештаните ни кажаа дека комарците се нормална појава во мај и јуни, но Оријан почна да ја боли челото, се беше црвено и отечено, а доби и силни болки во грбот. Но, лекарите само и рекле да пие антибиотици и ја испратиле дома – изјавил нејзиното момче.

Оријана паднала во делириум, не можела да зборува, а потоа изгубила свест, па била пренесена во болница каде починала три дена подоцна.

Извештајот на патолог покажал дека девојчето кое сонувало да биде пилот, починало од сериозна инфекција откако го каснал комарец. Оријана развила сепса која се проширила на нејзиниот мозок и предизвикала емболија која ја убила.

Родителите на Оријана биле шокирани кога слушнале што и се случило.

– Ова е страшна трагедија за една млада девојка на која и претстои светла иднина – изјавиле нејзините родители.

Оријана зад себе ги остави родителите, братот близнак Оскар, постариот брат Оливер.

Пишува Independent

Advertisement