MaliBot е способен да премостува и 2FA верификација.

Корисниците на уреди со Android се предупредени за нова СМС-измама, која се користи за ширење на вирусот MaliBot , дизајниран да краде лозинки и банкарски податоци.

Малициозен софтвер беше откриен од истражувачи од технолошката компанија F5 Labs. Тие истакнуваат дека малициозниот софтвер е способен дури и да ја заобиколи 2FA заштитата (автентикација со два фактори)!

Заобиколувањето на 2FA е огромен проблем, бидејќи овој систем е поставен за да го отежне секој неовластен пристап до сметките и уредите (дури и кога хакерите го имаат вашето корисничко име и лозинка).

Advertisement

MailBot се шири преку СМС, а од корисниците најчесто се бара да кликнат на понудената врска и да ја посетат веб-страницата, пренесува Express .

Експертите советуваат да ги игнорирате пораките од непознати броеви.

Во случај вашиот уред да е заразен со опасен вирус, тој ќе продолжи да испраќа пораки до контактите од именикот, што само го зголемува ризикот.

Истражувачите наведуваат дека MailBot најчесто ги „таргетира“ корисниците во Италија и Шпанија, но дека очекуваат наскоро да се појави и во други земји.

Advertisement