Ако ви требаат совети и трикови за брзо одмрзнување на месото, ние ви подготвивме три најбрзи и најбезбедни

Повеќето домаќинки го чуваат месото во замрзнувач за секогаш да имаат нешто што им е потребно за да го подготват ручекот. Меѓутоа, она што е вистинска болка е одмрзнувањето на месото . Понекогаш се потребни часови.

Лесно е кога ќе одлучите што да готвите следниот ден, бидејќи тогаш месото можете да го извадите и претходниот ден, но што ако месото ви треба веднаш?

Доколку ви требаат совети и трикови за брзо одмрзнување на месото, ние ви подготвивме три од најбрзите и најбезбедните.

Advertisement

1. Фрижидер

Црвеното месо и пилешкото никогаш не треба да се одмрзнуваат на собна температура – површината ќе се загрее побрзо од внатрешната, а со тоа ќе се поттикне побрз раст на бактериите. За да се одржи константна температура, фрижидерот е најбезбедното место за одмрзнување на сите видови месо, вклучувајќи ги шницлите, меленото месо и пилешкото. Ставете го месото во чинија и оставете го во долниот дел од фрижидерот и почекајте да се одмрзне.

2. Ладна вода

Месото ставете го во кеса, па во поголем сад и оставете ја ладната вода да тече околу половина час, во зависност од големината на парчето месо. Како и при одмрзнувањето во фрижидер, каде што исто така е ладно, нема многу шанси да се формираат бактерии додека студената вода тече над месото. Единствената разлика е во тоа што месото побрзо ќе се стопи под млаз ладна вода отколку во фрижидер.

3. Микробранова печка

Иако ова е најбрзиот начин за одмрзнување на месото, ако не знаете како да го печете во микробранова и да процените колку време е потребно за едно парче, рабовите ќе се готват, а центарот сепак може да биде замрзнат.

Месото секогаш ставајте го во чинија и вадете го од пакувањето пред да го одмрзнете, бидејќи и овде важат основните правила за користење на микробрановата печка. Веднаш штом ќе го одмрзнете, почнете да готвите.

Advertisement