Дефинитивно големо откритие кое може да спаси здравје и животи на многу луѓе




Овој едноставен тест од само пет минути буквално може да ви го спаси животот. Британската фондација за срце објави шокантни податоци, според кои на секои пет минути во болниците низ земјата се прима по едно лице со симптоми на срцев удар, објави The Sun.
Се проценува дека околу 1,4 милиони луѓе преживеале срцев удар во таа земја.




Истражувањето на Националниот институт за срце и бели дробови „Империјал колеџ во Лондон“, кое го мери нивото на Ц-реактивен протеин (CRP), кој е јасен показател за постоење на воспалителни и проблематични процеси во организмот, може да се откријат здравствени проблеми на најрана фаза.




Како што велат, овој протеин е присутен во крвта и по срцев удар, а во досегашната практика, кога лекарите се сомневаат на инфаркт, тие тестираат примероци од крвта на тропонин – протеин кој се ослободува во крвотокот при оштетување на срцето.




Тие тврдат дека сега симултаното мерење на нивоата на CRP може да обезбеди подетална слика која ќе покаже кои пациенти се изложени на најголем ризик од повторување на тој фатален срцев проблем.




Тие ги разгледаа податоците од повеќе од 250.000 пациенти примени во болница со сомневање за срцев удар. Нормално ниво на CRP во крвта е до два милиграми на литар крв.




Кај лица со позитивен, претходно направен тест за тропонин, откриени се десет, па дури и 15 mg/l, што ги зголемува шансите за повторување на мозочниот удар за цели 35 отсто, до три години подоцна!




Идентификувањето на пациентите кои се изложени на поголем ризик од срцев удар е само првиот чекор, но според експертите значително помага во понатамошното лекување на овој здравствен проблем. Тој подобар третман би вклучувал давање посилни лекови на луѓе со покачен CRP.











