Патот до врвна форма е прилично едноставен.




Многу е едноставно, доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми се што треба да направите е да го намалите внесот на јаглехидрати и шеќер.




Оваа диета е дизајнирана од американскиот нутриционист и фитнес инструктор Хорхе Круз, кој смета дека главната причина за дебелината не лежи во количината на внесени калории, туку во количината на „погрешни“ калории што ги консумираме секој ден.
Кои се „погрешните“ калории?
Проблемот настанува кога јадеме храна која се претвора во шеќери, а тоа се јаглехидрати. Значи, сето тоа се сведува на лачењето на инсулин и неговата улога во процесот на слабеење. Колку повеќе шеќер внесуваме во телото, толку е поголемо лачењето на инсулин, хормон кој го спречува претворањето на масните наслаги во енергија. И затоа килограмите се натрупуваат.




Доколку ги исфрлите јаглехидратите и шеќерот од исхраната, можно е да изгубите и до 8 килограми за 2 недели, тврди тој. Тој предлага да се воведе урамнотежена исхрана, што значи дека во еден ден имаме 3 главни оброци и 2 ужинки. На овој начин ќе се забрза метаболизмот.




Во оваа диета практично нема строги ограничувања на порциите и нема чувство на глад. Ова правило важи за сите намирници, освен за оние кои имаат „погрешни“ калории, односно се богати со јаглехидрати и шеќери. Дозволениот внес на овие „погрешни“ намирници е до 100 g дневно.




Елиминирајте ја храната богата со заситени масти и почнете да јадете повеќе храна богата со влакна и протеини.











