Тоа требаше да биде најдобриот момент во мојот живот, а кога ја видов ќерка ми се преплашив

Реазјана Вилијамс од Колорадо неодамна роди ќерка по име Кијани. Бременоста течеше според планот и се требаше да биде во ред, а планот беше бебето природно да дојде на свет. Но, имаше компликации при самото породување, за што беше потребен царски рез.

– Ми дадоа апче за да се забрза породувањето и неколку минути подоцна ме однесоа на царски рез. Меѓутоа, како што ми беше објаснето, за време на породувањето, бебето наеднаш се помрдна, а потоа не можеа да ѝ го слушнат отчукувањето на срцето – вели Реазјана.

И тогаш, кога бебето конечно пристигна, таа имаше огромna ранa на лицето од раѓањето.

Advertisement

– Ми рекоа дека е премногу блиску до ѕидот на плацентата – продолжува таа.

Раната на левиот образ беше толку голема што му беа потребни 13 конци за да се сошие.

– Навистина се трудев да бидам разбирливa во текот на целото породување, но кога ја видов како изгледа после се, не можев повеќе да молчам. Навистина досега не сум слушнала никому да му се случи такво нешто – вели мајката.

Од болницата, пак, велат дека тоа е „чест ризик за можни компликации при царски рез“. „Секогаш даваме се од себе за да обезбедиме најдобра можна грижа во интерес на мајката и детето. Безбедноста на нашите пациенти е наш прв приоритет“, велат тие.

Мајката, пак, е принудена да отвори страница „гофаундме“ за да собере пари, бидејќи нема средства за естетски корекции на лицето на детето.

Advertisement