Овој трик го користат и професионалните готвачи.

Поради мирисот кој се ослободува при динстањето, подготовката на јадења кои содржат кромид не е многу популарна.

За време на динстањето ќе доминира мирисот на кромидот кој ќе се пробие низ целата куќа, коса и гардероба.

Главниот виновник за непријатните мириси е ослободувањето на сулфур од кромидот, што се јавува при термичка обработка. Сепак, постои начин на кој може да се избегне непријатниот мирис.

Advertisement

Главниот сојузник во борбата против силниот мирис на кромид е сода бикарбона.

Откако ќе го исецкате кромидот, потребно е да го ставите во тавче со загреано масло и една кафена лажичка сода бикарбона. Доколку се работи за големо количество кромид, повеќе од половина кг, потребно е да се додаде една лажица сода. Пропржете го кромидот како и обично.

Уште една добра работа е тоа што кромидот ќе се згусне и полесно се вари. Исто така, можно е да се избегне користење на спреј, бидејќи сода бикарбона убаво ќе го згусне кромидот и ќе го постигне истиот ефект како спрејот.

Advertisement