Истовремено се зголемува воздушниот притисок над Македонија што е увертира за подолго стабилизирање на времето

Силен циклон од Атлантикот носи многу обилни врнежи од југозапад кон север на Европа , додека силен дожд и бурни ветрови ја погодија Португалија и делови од Британските острови, а снег дува на југот на Скандинавија.

Истовремено се зголемува воздушниот притисок над нас што е увертира за подолго стабилизирање на времето.

Веќе во вториот ден од викендот ќе има значително повеќе сонце со потопло време и температури од 20 до 24 степени, но со студено утро и минимални температури од 3 до 9 степени.

Advertisement

Во текот на наредната недела под влијание на висок притисок се очекува стабилно и суво време со облачни и магливи утра и сончеви и умерено топли денови.

Advertisement