Магичниот цвет кадупул цвета само една ноќ годишно
Љубителите на растенијата веруваат дека ова е едно од најубавите, но и најтажните цвеќиња на светот , бидејќи има најкраток животен век.
Имено, Кадупул или „ кралица на ноќта “, цвета само една ноќ. Цветањето започнува околу полноќ и згаснува пред зори. Тоа е многу редок цвет кој расте главно во Шри Ланка, а само малкумина имаат можност да го видат.
Инаку, овој цвет е класифициран како најпосакуваното растение на планетата и никогаш не се купува, а ниту еден цвеќар досега не успеал да се договори со него, бидејќи не може ни да се најде.
Покрај Шри Ланка, овој цвет може да се најде и во Мексико, Венецуела и Тексас. Туристите генерално, кога ја посетуваат Шри Ланка, имаат најголема желба да видат како изгледа овој цвет и да бидат сведоци на неговата магија.
Само неколку моменти откако Кадупул процвета, неговите ливчиња го менуваат изгледот, а пред зори целосно избледува. Поради својата специфичност, ова е едно од најскапите цвеќиња во светот.
Па дури и ботаничарите не открија зошто овој цвет вене толку брзо.











